Сите што имате часови со мене, можете да земете оценки по предметите од минатиот семестар пред и по часовите (вторник, четврток и петок) САМО ВО ТЕКОТ НА ОВАА НЕДЕЛА.
За оние кои веќе немаат предавања, се во работен однос и сл. ќе бидам на факултет и надвор од овие термини во среда од 10:00-13:00 часот.
Дополнителните потписи од носителите на предмети може да ги земете кога повторно ќе има состанок или во терминот за консултации на професорите.
Студентите Драгана И. и Нела П. (за предметот Модернизма и генрација 98) и Надица Ж. за предметот (Литература на авангардата) се уште немаат предадено есеј. Доколку не го предадат во текот на оваа недела, нема да може да земат оценка.
Доколку некој од оправдани причини не може да дојде оваа недела, задолжително да ми пише на мејл.
Се уште фалеа одредени пријави (на пр. по предметот Испаноамериканска цивилизација), така што се молат студентите да ги однесат во најскор можен рок.