sábado, 6 de mayo de 2017

Датуми за колоквиуми

Шпански јазик 2 на 16.05 во 09:40 ќе го полагате делот кај мене, во попладневните часови делот кај Сања.

Морфосинтакса на шпанскиот јазик - влезен колоквиум на 19.05 во 13:00 ч.

Анализа и коментар на текстови од XX век - на  16.05. колквииум во вид на тест. До 15.06 треба да се предаде вториот есеј што треба да биде компаративен  и да се однесува на автори или теми од периодот што го работиме, но може да се земе и тема во која ќе обработувате аспекти што поврзуваат некој од авторите од периодот што не засега со автор од некој претходнен период. Пр. Мотивот на слепилото кај Ваље-Инлкан и Буеро Ваљехо. И за овој есеј мора задолжително да биде цитирана дополнителна (и релевантна) литература.
Студентите што не предадоа есеј за првиот колоквиум, немаат право да го полгаат вториот колквиум и се упатуваат на испит.

Преведување од шпански на македонски јазик и обратно 2 - 09.05 од 14:00 часот (рокот за предавање на глосарите е до датумот за испит 05.06.). Право да го полагаат испитот во предсесија имаат само студентите што биле редовни на час.


Преведување од шпански на македонски јазик и обратно 2 - 08.05 од 15:30 часот. Рокот за предавање на 3 страни стручен текст и 3 страни книжевен текст, по избор, е до датумот за испит, 05.06.2017.