Ве потсетуваме дека присуството на предавања и вежбите, покрај тоа што има удел во конечната оценка, е задолжително. Неоправданото отсуство ви го одзема правото да се јавите на колоквиум.
Исто така, од следнава сесија ќе се укинат некои недопустливи практики. Имено:
1. Испитот е неделив на делови, односно мора да се освојат вкупно 51% од целиот испит (иако составен од повеќе дела кои влегуваат со различен процент во крајната оценка). Тоа значи дека не можете да положите еден дел и потоа поените да се чуваат за следната сесија.
2. Оценката МОРА да се земе во тековната сесија. Доколку стдентот не дојде по оценка во терминот за земање оценки или не се информира за друг термин во рамки на сесијата кога може да дојде, оценката ќе биде поништена и испитот ќе се смета за неположен.
Поздрав.