jueves, 8 de diciembre de 2016

Информација

Драги колеги,
На 10 декември, оваа сабота ЗПРМ организира за своите членови и сите други заинтересирани два бесплатни настана, еден по друг, во просториите на Филолошкиот факултет во Скопје:
10.00-13.00 Правна заштита на преведувачите/толкувачите како физички лица при при наплата на побарувања,
работилница со адвокати и правници специјализирани во областа, види работен план подолу
https://www.facebook.com/events/1612693172368168/?active_tab=discussion
13.00-15.00 слободно време за ручек (нема организиран ручек)
15.00-17.00 Толкувањето во Македонија
тркалезна маса, види работен план подолу
https://www.facebook.com/events/1856040421297995/

Правната заштита на преведувачите/толкувачите како физички лица при наплата на побарувања
Филолошки факултет Блаже Конески Скопје,
10 декември, 2016, 10.00 – 13.00 часот
Воведен збор и претставување на учесниците
Г-а Александра Гавриловска, адвокат
Г-а Маринела Мајнова (магистер по правни науки од областа на финансии и финансово право
Г-дин Ванчо Дамјански, управител на Берин, Агенција за заштита на авторски права

1. Законски одредби кои се однесуваат на преведувачите/толкувачите како физички лица
- Преведувањето/толкувањето како професија
- Формат на договори со кои се заштитуваат П/Т како физички лица
- Клаузули и одредби што треба да ги содржи Договорот со кои би се гарантирала наплата (пр. казнена камата, рок за плаќање, нето/бруто сума и сл.)
- Формат на фактури издадени од физички лица и елементи на фактура
Прашања и одговори
2. Можности за наплата на побарувања кога нема претходен договор
- Какви механизми им стојат на располагање на П/Т( пр. опомени, тужби и сл.) при побарување од правни лица
- Какви механизми им стојат на располагање на П/Т при побарување од физички лица
- Дали преписката и документацијата со клиентот може да се искористи како доказ?
Прашања и одговори
3. Улогата на авторските агенции во заштитата на побарувањата и правата на П/Т како физички лица
- Каква заштита обезбедува Договорот склучен со Авторската Агенција и дали истиот гарантира наплата?
Прашања и одговори
4. Авторските/интелектуалните права на преводите извршени од П/Т
- Авторски права при писмени и книжевни преводи (објавување на име, користење на цитати и сл.)
- Авторски права при толкување (симнување и користење на гласот на толкувачот во вести, емисии и сл.)
- Заштита на личноста на П/Т при објавување на интернет (јутјуб и социјални мрежи)
Прашања и одговори
Разно

Тркалезна маса на тема „Толкувањето во РМ“
Филолошки факултет Блаже Конески Скопје,
10 декември, 2016, 15.00 – 17.00 часот

1. Каква е состојбата со толкувањето во РМ (сегашни практики, цени, услови, стандарди)
2. Со кои проблеми се соочуваат толкувачите
3. Листа на можни активности на ЗПРМ со цел надминување на посочените проблеми


Здружение на преведувачи на Република Македонија
Macedonian Translators Association