Известување за студентите коишто треба да полагаат:
Хиспаноамериканска книжевност 1
Шпанска книжевност 2: ренесанса и барок
Шпанска култура и цивилизација 1
Испитите ќе се спроведуваат на следниов начин:
Хиспаноамериканска книжевност 1 - усно, со колегата Игор Поповски, со избор прашања од истиот, веќе подготвен сет прашања.
Шпанска книжевност 2: ренесанса и барок - писмено, со колегата Игор Поповски, на подолго прашање во форма на есеј (со евентуално усно испрашување по потреба).
Шпанска култура и цивилизација 1 - усно, со колегата Франсиско Ибањес, на слични прашања како и во досегашните писмени испити. Поради поколопување во распоредот на овој испит со испитот по Шпанска нижевност 2, се договоривме со Франсиско овој да се спроведе на 23.06, во час за којшто ќе бидете дополнително известени.
Ако некој испит е пропуштен во оваа или претходните објави или доколку имате некое прашање, слободно пишете ми.
Поздрав,
Сања