ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА НАЧИНОТ НА ВНЕСУВАЊЕ НА ОЦЕНКИТЕ ВО ИНДЕКС И ПРИЈАВА ОД ЈУНСКАТА И СЕПТЕМВРИСКАТА ИСПИТНА СЕСИЈА
Во роковите за запишување на зимскиот семестар
2 година: 21.9 – 23.9
3 година: 24.9 - 28.9
4 година: 29.9 - 30.9
за учебната 2020/2021 година, студентите се должни, покрај редовната документација за запишување на семестар да достават и пријави за онолку испити колку што полагале во јунската и во септемвриската испитна сесија.
Референтите од Одделението за студентски прашања по проверката на досието, индексите со пријавите, сукцесивно според редоследот на запишување по години, со список ќе ги достават кај библиотекарот од матичната катедра на студентот.
Библиотекарите се должни по внесувањето на оценките од матичната катедра, за студентите кои полагале предмети од други катедри да ги однесат индексите кај библиотекарот на тие катедри за професорите да ги внесат и тие оценки.
По внесувањето на оценките, библиотекарите по список се должни индексите и пријавите да ги достават до соодветниот референт во Одделението за студентски прашања.
Референтите се должни да ги известат студентите да си ги подигнат индексите.
ДЕКАНАТ
на Филолошки факултет