Здраво,
Од Одлуката за начинот на реализирање на дејностите на Филолошкиот факултет, донесена на 30.03.2020, ви издвојувам неколку информации што може да ве засегаат:
- Наставата ќе се одвива преку средствата за електронска комуникација (видеоконференциски платформи, електронска пошта и сл.).
- Начинот на полагање на испитите и колоквиумите во јунската сесија дополнително ќе се утвдри во зависност од развојот на настаните. Проверката на знаењата преку испити не може да се спроведува со примена на средствата за електронска комуникација и таа ќе се спроведе кога ќе се создадат услови за тоа.
- Роковите за изработка и поднесување на дипломска работа се запираат и не течат додека траат мерките;
- Постапките за оцена и одбрана на поднесените дипломски трудови се запираат и не течат додека траат мерките.
- За дипломските работи за кои се исполнети условите за одбрана, одбраната може да се врши делумно или во целост и со примена на видеоконференциска платформа. На барање на студентот, Факултетот може да дозволи одбраната на дипломскиот труд да се одложи до создавање на услови за нејзино нормално одвивање.
- Крајниот рок за започнатите постапки за одбрана за која студентот побарал одложување е 30 дена од денот на престанокот на мерките.
Поздрав,
Сања