lunes, 1 de junio de 2020

Информација за испитите по книжевност

Почитувани студенти,
Со оглед дека сум на породилно отстуство, ве известувам дека полагањето на испитите ќе се одвива на следниов начин:

I декада (непарни предмети) од 15уни до 28 јуни

Театарот на златниот век - ќе бидат контактирани по мејл студентите пријавени во iknow системот
Литература на авангардата во Шпанија - ќе бидат контактирани по мејл студентите пријавени во iknow системот
Шпанска книжевност 2: ренесанса и барок - ќе биде спроведен усно и писмено (преку zoom) во договор со колегата Игор Поповски


II декада (парни предмети) од 29 јуни до 17 јули

Хиспаноамериканска книжевност 1 - ќе биде спроведен усно и писмено (преку zoom) во договор со колегата Игор Поповски
Модернизам и генерација 98 - ќе бидат контактирани по мејл студентите пријавени во iknow системот
Анализа и коментар на текстови од XX век - ќе бидат контактирани по мејл студентите пријавени во iknow системот

Доколку во наредните денови не добиете мејл, значи дека не сте го пријавиле испитот и дека треба во најскор можен рок да го регулирате тоа, а потоа да ме контактирате за инструкции.

За испитот по Шпанска култура и цивилизација 1 очекувам потврда за начинот на спроведување, но ќе бидете известени наскоро.

Доколку некој предмет е испуштен или имате други дилеми и прашања, пишете ми мејл.

Поздрав,
Сања